(ФОТО) Револтирани граѓани: СТОП за чадот, загадувањето и гласната музика од „Сокаче“

Од:

Граѓаните кои што живеат во околината на угостителскиот локал “Сокаче, својот револт и незадоволство денеска го изразија на протест. Тие од институциите бараат да се одземе лиценцата (дозволата) за работа на угостителскиот објект “Шпато Сокак” (СОКАЧЕ).

Реагираат на чадот, мирисот, непрописно паркираните автомобили, гласната музика.

Еве што стои во нивното барање упатено до градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, до градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски, полциска станица во Карпош, Министерство за животна средина, пазарна инспекција:

Да не се дозволи незаконското работење на овој локал да продолжи, а кое што трае повеќе од 5 години. Да им се овозможи на граѓаните што живеат во околината на Сокаче да имаат нормални услови за живеење:

– Да го нема чадот од оџаците, смрдеата од скара која што не дозволува никој од граѓаните да помисли да отвори прозорец
– Да нема блокирани улици од непрописно паркирани автомобили
– Да нема неподнослива бучава која што трае од 17 часот па се до 01:00 часот. Премногу гласна музика од бендови кои што се на отворено под прозорците на неколку стамбени згради и куќи.
– Да нема тепачки пред објектот кршење на чаши и флаши по улицата и било какво друго нарушување на јавниот ред и мир.

“Поднесени се до инспекторатите, полицијата, општината, град Скопје, министерствата голем број на пријави за незаконското работење на овој објект и досега никој не превземал ништо или пак ако превземале било тоа недоволно и немало резултати.

Се надеваме дека институциите во најскоро време ќе го исполнат нашето барање или во спротивно протестите ќе продолжат“, велат револтираните граѓани.



Би можело да ве интересира

Вработените во Матица Српска ги поддржаа студентите

(ВИДЕО) Масовен протест во Нови Сад

18-годишна девојка во центарот на Скопје била нападната од манијак

Горан Наумовски

Поради снегот, Итната помош во Скопје деновиве имала 254 интервенции

3,5 милиони евра за снегот и мразот по улиците, но сумата допрва ќе расте

Скопје под снег, врнежи во цела Македонија

Предраг Петровиќ