Со пригодна свеченост денеска во противпожарната станица во Автокоманда беше одбележан 20 Мај – Денот на пожарникарството. Прославата почна со свечено постројување на скопските пожарникари.
Трајановски потесети дека во изминатите години Градот Скопје ја модернизираше опремата на протипожарната бригада како и дека вработи нови пожарникари, односно дека во 2012 и 2017 година примени се 55 обучени пожарникари.
– Во кругот на АД Усје отпочна подготовка на привремени простории за нов подцентар кој со создавањето на услови за кадровска екипираност ќе почне со нормално функционирање со кој би се зголемила безбедноста на граѓаните во овој дел на Градот Скопје. Во тек е постапката за набавка на симулатор за пламени уреди со кој ќе се овозможат вежби за пожарникарите во нов тренинг Центар, информира Трајановски.
Најави дека во подготовка е и изградбата на нов подцентар во Бутел за кој веќе е доделено земјиштето со градежна маркица. Според него противпожарната станица во Бутел ќе биде готова за една година. Трајановски информира дека во тек е и набавката на две противпожарни возила кои, како што рече, треба да бидат испорачани до крајот на оваа или поочетокот на следната година.
Командантот Томески ја потенцираше успешната година на пожарникарите во сите полиња на делување како што е во справувањето со пожарите и поплавите. Информираше дека минатата година ја завршиле со интервенции во 1.118 пожари и со околу 300 технички интервенции. За оваа година според Томески во првото тромесечие се бележи зголемување на пожарите во однос на претходната година.