Екипита на Фенербахче е вториот тим кој обезбеди пласман во финалето на кошаркарската Евролига, откако синоќа во втор полуфинален меч на завршниот „фајнал-фор“ турнир, што се одржува во Истанбул, пред речиси 15.000 гледачи во салата „Синан Ерден Дом“, убедливо со 84-75 го совлада Реал Мадрид.
Најдобар поединец на натпреварот беше Екбе Удох кој средбата ја заврши со дабл-дабл учинок од 18 поени и 12 скокови, а центарот на Фенербахче имаше и 8 асистенции. Богдан Богданивиќ постигна 14, а Никола Калиниќ и Јан Весели придодадоа уште по 12 поени во победничкиот тим.
Во редовите на Реал најефикасни беа Серхио Љуљ со 28 и Џејси Керол со 21 поен.
Претходно, во првиот полуфинален меч Олимпијакос во неизвесна завршница го совлада бранителот на трофејот ЦСКА Москва со 82:78.
За шампионскиот трофеј утре од 20 часот ќе се борат Фенербахче и Олимпијакос, додека од 17 часот Реал Мадрид и ЦСКА Москва ќе играат за третото место.