Северна Кореја: Смешни се тврдењата за наша замешаност во масовниот кибер напад

Од:

Смешни се трдењата дека Северна Кореја е замешана во неодамнешниот масовен кибер напад со вирусот „Вонакрај“, изјави заменик постојаниот претставник на Северна Кореја во ОН, Ким Ин-вон, цитиран од ТАСС.

-Што се однесува до кибер нападот, неговото поврзување со Северна Кореја, е смeшно, изјави дипломатот.

Според него, ваквите тврдења се дел од американската непријателска политика.

-Секој пат, кога ќе се случи нешто чудно, САД и непријателските сили шаблонизирано почнуваат гласна кампања за клеветење на Пјонгјанг, изјави Ким.

На 12 мај хакери се обидоа да упаднат во компјутерите со оперативниот систем „Виндоус“ на 74 земји од светот. За деблокирање на податоците хакерите бараат „рекет“ од 300 до 600 долари во онлајн валутата биткоин. Тие употребија шпионска програма, која е украдена од американската Агенција за национална безбедност.

Според податоците на Европол, најмалку 200.000 физички и правни лица станале жртви на овој кибер напад.

Британските медиуми, повикувајќи се на аналитичар на „Лабораторијата Касперски“ на 16 мај соопшти дека делови од кодот од раната верзија на вирусот „Вонакрај“ биле употребени од херската група „Лазарус груп“, за која се смета дека е раководена од Северна Кореја.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт