Кошаркарите на Олимпијакос се пласираа во финалето на „фајнл фоур“ од Евролигата што се игра во Истанбул. Тие во првото полуфинале го победија европскиот првак ЦСКА Москва со 82:78 (12:18; 21:22; 27:24 и 22:14). Решавачката предност Олимпијакос ја создаде во последната четвртина.
Четири играчи кај победничката екипа имаа двоцифрен број поени: Василис Спанулис, Јоргос Пинцезис и Костас Папаниколау сите по 14, а Вангелис Мацарис 12. Најефикасен на дуелот беше Милош Теодосиќ од ЦСКА Москва со 23 поени.
Во второто полуфинале од 20:30 часот играат Фенербахче и Реал Мадрид.
Финалето на „фајнл фор“ турнирот се игра во недела (21.мај).