Во организација на Општинската организација на Црвен крст од Велес, а во соработка со училиштата денеска во Младинскиот парк во Велес се одржа 43-тиот Општински натпревар по прва помош.
На натпреварите и годинава учествуваа сите основни и средни училишта во градот.
Најдобра екипа кај основците е екипата на ООУ „Васил Главинов“ ,на второ место се пласираа екипите на ООУ „Блаже Конески“ и ООУ „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, а трета е екипатана ООУ „Благој Кирков“.
Кај средношколците најдобра е екипата на Гимназијата „Кочо Рацин“, второпласираи се учениците од „Јовче Тесличков“ и третопласирана е екипата на „Димитрија Чуповски“. Најдобрата екипа кај средношколците овозможи пласман за учество на државниот натпревар по прва медицинска помош што ќе ќе се одржи во септември.
Како што потенцира Лидија Сланева-Стојановиќ од Општинскиот Црвен крст на Велес, целта на овие натпревари е учениците да научат на настраданите при секакви несреќи да им дадат прва медицинска помош.