(ВИДЕО) Пратеници на СДСМ на средба со матуранти и наставници: Екстерното тестирање да се укине уште годинава

Од:

Пратениците на СДСМ во Собранието на Р.Македонија, Стефан Богоев, Ивана Туфегџиќ и Петар Атанасов денеска остварија средба со матуранти, наставници, професори на која се разговараше за укинувањето на екстерното тестирање, како и за реформите во обвразованието кои се предвидени во Програмата на новата Влада.

-Во предлог законот што го доставивме до Собранието се бара укинување на екстерното тестирање веднаш. Бидејќи не е обемен закон, односно се бара само укинување на екстерното, ние употребивме можност од Деловникот за да може да го предложиме по скратена постапка, бидејќи сме свесни дека роковите течат. Законот е поднесен и очекуваме на првата наредна седница да биде ставен на дневен ред, рече Богоев.

Пратеничката Ивана Туфегџиќ посочи дека укинувањето на ектерното тестирање е прв чекор во сеопфатните реформи во образованието.

-Сега е приоритетно да се укине екстерното тестирање, за да сопре малтретирањето и на децата и на родителите и на професорите, рече Туфегџиќ.

Учениците, професорите, наставниците, ја поздравија иницијативата за укинување на екстерното тестирање. Тие го соопштија уште еднаш ставот на сите засегнати страни искажуван досега во јавноста дека екстерното тестирање не носи вистински промени, туку само дека предизвикува стрес кај учениците, родителите и наставниците. И тие упатуваат на она што е и определба на новата Влада, дека мора да има нов систем на евалуцаија базиран не на казни, туку на награди и мотивација на учениците, наставниците и професорите и училиштата.

Пратеникот Петар Атанасов најави дека новата Влада ќе работи интегративно со цел создавање стабилен образовен систем којшто ќе продуцира стручни и квалитетни кадри, носители на општествениот развој.

-Важно е државата да ги помогне и поддржи наставниците, да ја поддржи наставата, бидејќи ни е важно секое дете кое ќе помине низ образовниот систем, да добие знаење кое реално ќе му користи во животот, порача Атанасов.

Пратениците од СДСМ најавија дека ваквите средби со граѓаните ќе бидат редовна пракса на парламентарното мнозинство и дека планираните реформи ќе се спроведуваат низ координација со целните групи со цел постигнување најдобри решенија за сите проблеми и потреби на граѓаните.

Би можело да ве интересира

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело