Уставен ќе одлучува за парното

Од:

Иницијативите за кои Уставниот суд трпеше критики и коментари, а се однесуваат на високото образование, лустрацијата и Правилникот за снабдување со топлинска енергија наскоро ќе се најдат на дневен ред пред уставните судии, изјави претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, Бранко Наумовски, посочувајќи дека в среда на дневен ред на седницата ќе биде ставено високото образование, а на почетокот на идната година по третпат и лустрацијата, објави МИА.

– Во моментов се работи на иницијативата за Правилникот за топлинска енергија, која е добиена кон крајот на август кога Судот колективно е на годишен одмор, а е процесуирана во текот на септември. Кога редовно би ја почитувале процедурата, односно роковите, во принцип не би можел Судот пред три месеци да одлучи по иницијативата, што не значи дека роковите не може да се скратат. Но, сепак, тоа е оценка на Судот, секогаш се обидуваме ваквите иницијативи за кои е заинтересирана и засегната јавноста да добијат побрз епилог. Но, како и да е, очекувам наскоро оваа иницијатива да се најде на дневен ред, вели Наумовски.

Уставниот судија Наумовски вели дека, во втората половина од годинава е намален бројот на укинувачките и поништувачките одлуки.

– Факт е дека овој состав на Судот функционира од 1 јуни 2012 година, па доколку се постави прашањето зошто има вакви очигледни отстапувања во одлучувањето и дали тоа се должи на персоналниот состав на Судот, може да се даде потврден одговор, јас едноставно би констатирал дека тоа е така затоа што така гласале судиите, истакнува тој.

За финансиската и кадровската состојба во Уставниот суд, Наумовски вели дека со години наназад институцијата е во многу тешка состојба.

Би можело да ве интересира

Бислимовски: Цената на парното греење во Скопје ќе биде стабилна до следното лето

Почна грејната сезона во Скопје

Катерина Ѓуровски

Грејната сезона почнува на 15 октомври, Регулаторна апелира да се платат сметките и да се проверат инсталациите

Катерина Ѓуровски

Ранета паднав на подот од училницата, убиецот беше мирен: Сведоштво на наставничката по историја од „Рибникар“

Предраг Петровиќ

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје

Човек помина 50 години невин во затвор: Сега добива милионска отштета