Грција очекува кинески инвестиции во висина од 40 милијарди долари

Од:

Грција очекува новиот кинески проект, „Патот на свилата“, да ја зајакне нејзината позиција на економски план, да резултира со зголемување на трговската размена меѓу двете држави до три милијарди долари и во земјата да влезат инвестиции од Кина во висина од 40 милијарди долари.

– Грчкиот бизнис очекува дел од тие 40 милијарди долари, кои Кина ќе ги инвестира во следните три години, изјави заменик-министерот за економија на Грција Стергиос Пициорлас, коментирајќи ја неодамнешната посета на грчкиот премиер Алексис Ципрас во Пекинг.

За време на посетата на Ципрас во Пекинг беа потпишани два договори за соработка, од кои едниот меѓу конзорциумот „Копелузос“ и „Шенхуа Груп“ во вредност од три милијарди евра во областа на еколошката енергија и меѓу „Фортнет“ и „ЗТЕ“ за изградба на мрежи од оптички калби во Грција во вредност од 500 милиони евра.

Енергетиката, бродоградбата, туризмот и недвижностите се основните сектори во кои Грција очекува кинески инвестиции.

Би можело да ве интересира

Кина се противи на какви било договори меѓу САД и други земји на нејзина штета

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Се зголеми кинескиот извоз

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски