Пролетен базар на домашни ракотворби на плоштадот „Филип Втори“

Од:

Традиционален „Пролетен базар на домашни ракотворби“ ќе се одржи денеска и утре на плоштадот „Филип Втори“ во Скопје. Покровител на манифестацијатa е Град Скопје, а организатор е Занаетчиската комора Скопје.

На овој дводневен настан ќе бидат презентирани различни занаети, нивното значење за квалитетот на живеење на граѓаните и што би претставувало човештвото без занаетчиството. Како дел од оваа манифестација ќе се промовираат изработките на накит од филигран и монистра, украси, рачни ракотворби, магично плетиво, изработки од камен, дрво и керамика, цртано стакло, како и изработка на слики од срма, a ќе има и креативна работилница.

Посетителите ќе можат да погледнат и да купат интересни ракотворби, како накит, парчиња облека, уметнички слики, филигран и друго. Ќе биде објавен и најавтентичен сувенир на град Скопје, избран од страна на комисија.

Од Град Скопје информираат дека целта на овој настан е да се истакне важноста на занаетчиството и стопанството, средното стручно образование, практичната обука и стекнувањето вештини и компетенции, а со цел поттикнување на младите да се запишуваат во средните стручни училишта и да ги изучуваат занаетчиските занимања кои нудат перспектива и вработување.

Воедно, целта на манифестацијата е да се промовира и одржи традиционалното занаетчиско производство, како и да се поттикне размената на искуства и знаење меѓу занаетчиите, зголемување на продажбата на занаетчиските производи и услуги и да се зголеми туристичката понуда преку претставување на занаетчиството како бренд и симбол на препознатливост на Скопје.

Би можело да ве интересира

Производи на македонски ракотворци на новогодишен базар до 31 декември

Горан Наумовски

Новогодишен базар во ГТЦ

Занаетчиите бараат да плаќаат струја како домаќинствата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Отворена изложбата „Жени во занаетчиство“ во Кабинетот на претседателот

Ана Ололовска

Занаетчиите бараат субвенции за најавеното зголемување на минималната плата и посебен надомест за струја

Арсовска: Занаетчиските бизниси имаат економска вредност за градот и затоа треба да се поддржуваат

А1он