Авиокомпанијата Исландар по повод одбележувањето на 80 години од постоењето го претстави новиот дизајн на своите авиони Боинг 757-200, инспириран од глечерите.
Внатрешноста на авионот Ватнајокул, наречен по истоимениот глечер обложена е со ОЛЕД екрани, кои прикажуваат мотиви налик на замрзнати пештери.
На патниците освен тоа им се пушта соодветна „глечерска музика“ со цел атмосферата да биде поавтентична.
Седиштата имаат навлаки во сина и бела нијанса, на чашите, салветите и хартиени кеси се печатени мотиви на глечери, а бифето е претворено во „минијатурна замрзаната пештера“.
Ватнајокул ќе сообраќа на линијата меѓу Рејкјавик и други европски градови како и градови во САД.
Истата екипа на дизајнери работеше и на проектот Хекла Аурора – летала на Исландер, инспирирани од поларната светлина. Тие се во комерцијална употреба од 2015 година.