Рифат Шаарук, 18-годишно момче од Индија, го создаде веројатно најлесниот сателит на светот, чие лансирање во Вселената, преку американската весленска агенција НАСА, е закажано за јуни годинава.
Сателитот тежок 64 грама, наречен „Калам-Сат“, победи на неодамнешниот избор на креативни дизајни „Кујбс ин Спејс”. Тој успех на тинејџерот се должи на проектирачките 3-Д перформанси на уредот, кои се конструираат со помош на карбонски влакна.
Сателитор ќе престојува во земјината орбита вкупно четири часа и ќе има задача да врши мерења на забрзувањето, ротацијата и големината на магнетосферата на Земјата.
„Калам-Сат“, кој називот го доби по претходниот индиски претседател, не е прв изум на Рифат. Кога тој имал 15 години, изработил хелиумски метеоролошки балон.