Конгресот на САД ги бара на увид сите материјали од средбите Трамп-Коми

Од:

Претседателот на Комитетот за надзор при Конгресот на САД, Џејсон Чафец ги побара на увид сите материјали за комуникацијата на разрешениот директор на Федералното истражно биро (ФБИ), Џејсон Коми со американскиот претседател Доналд Трамп.

Од ФБИ е побарано материјалите да бидат доставени во рок од една недела, а најдоцна до 24 мај.

Барањето на Чафец доаѓа откако „Њујорк Тајмс“ објавија дека претседателот на САД побарал од Коми да ја запре истрагата што се води против неговиот поранешен советник за национана безбедност Мајкл Флин.

Според весникот, ваквото барање уследило само еден ден по изнудената оставка на Флин. кој на својата функија остана само 23 дена.

Белата куќа реагираше со соопштение во кое ги демантира овие тврдења, инсистирајќи дека претседателот на побарал од Коми или од кого било друг да прекинат истрагите што се водат, вклучувајќи ја и онаа против Флин.

Но, „Њујорк Тајмс“ тврди дека за барањето на Трамп постои белешка, што ја направил самиот Коми по разговорот со него и за тоа ги известил своите најблиски соработници.

Коми беше сменет од претседателот Трамп минатата недела, што беше објаснето со „лошто работење на директорот на ФБИ“, но неговото неочекувано разрешување од функцијата предизвка бранување во Вашингтон.

Демократите инсистираат дека сменувањето на Коми во екот на истрагата за руското мешање во изборите и за врските и комуникацијата на луѓето од изборниот штаб на Трамп со Русија, претставува знак дека претседателот сака да ја запре целата истражна постапка.

Тие побараа од Сенатот да именува независен специјален обвинител за да ја води натаму истрагата, објаснувајќи дека врз него Белата куќа не ќе може да врши притисок и да влијае.

Најновиот случај околу барањето за прекинување на истрагата за Флин, меѓутоа, се оценува како пример за попречување на истрагата и спроведувањето на правото и правдата од страна на Трамп, што претставува федерален прекршок, па во Вашингтон се погласно се зборува за можноста од покренување импичмент – постапка за сменување на актуелниот претседател.

Медиумите објаснуваат дека доколку Сенатот и целиот Конгрес беа под контрола на демократите, таквата постапка можеше брзо да се очекува, но во сегашната ситуација малцинските демократи имаат потреба од подршката на републиканците, кои засега не се изјаснуваат околу натамошните акции.

Претседателот на Конгресот, републиканецот Пол Рајан изјави дека е потребно да се дознаат сите факти за она што е објавено во медиумите, а само независниот сенатор од Мејн, Ангус Кинг и републиканецот Џон Мекејн зборуваат за скандал кој има „размери на некогашниот Вотергејт“, поради кој тогашниот претседател Ричард Никсон поднесе оставка.

Би можело да ве интересира

Песков: Русија и САД имаат многу проблеми

Горан Наумовски

Тимот на Трамп сoставува црната листа

Вoлц: Трамп планира да ги доведе Русија и Украина на преговарачка маса и да стави крај на војната

На Волстрит спласна еуфоријата од успехот на Трамп

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Републиканците го освоија Конгресот, за политиките на Трамп нема никакви пречки

САД потврди дека севернокорејските војници сега активно се борат заедно со руските сили против Украина