Одредени термините за натпреварите од ракометниот Куп на Македонија

Од:

Ракометната федерација на Македонија ги објави термините за одигрувањето на натпреварите од завршницата на Купот на Македонија во машка и во женска конкуренција.

Мажите во сабота на 20 мај ги играат полуфиналните дуели. Во Битола во првото полуфинале од 17:30 часот играат Еурофарм Работник – Охрид, а во второто полуфинале е дуелот меѓу бранителот на трофејот Вардар и Металург. Почетокот на овој дуел е во 20:30 часот.

Финалето се игра во недела (21.мај) со почеток во 16:30 часот.

Сите дуели ќе се играат во салата„Младост“ во Битола.

Завршницата на женскиот куп ќе се игра во салата во населбата Автокоманда во Скопје. Во петок на 19 мај од 13:30 часот е дуелот меѓу Металург и Прилеп, а во терминот од 16:30 часот играат: Гевгелија и бранителот на пехарот Вардар.

Во сабота (20 мај) од 12:30 часот се игра финалето во женска конкуренција.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

Македонските ракометари во група со Франција и Германија на ЕУРО 2024

Ана Ололовска

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Александар Јовиќ нов тренер на РК Еурофарм Пелистер

Ана Ололовска

Среќно „ракометно реми“ на Еурофарм Пелистер со Агуаш Санташ 27:27

Ана Ололовска