Совети за заштита на насадите за земјоделците во Битола

Од:

Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството-АПРЗ со седиште во Битола продолжува со редовни совети за земјоделците кои во овој период од годината се посветени за заштита на овоштарството и други растителни производи.

Според Ана Велјановска советник за растително производство во АПРЗ, реализацијата на мајскиот календар е фокусирана на заштитата на јаболката, крушите и црешите во сите региони низ државата.

– Неодамнешните неповолни временски услови предизвикаа штети врз овошните култури, но заштитата мора да се врши насекаде со цел растенијата да зајакнат и да се развиваат. Во овој период земјоделците треба да ги заштитат плодовите на јаболката и крушите од бактериска пламеница и монилија на плодовите, а исто така неопходно е прскање против ларвите на јаболковиот црв за што се користат посебни фунгициди, појасни Велјановска.

Во овој период од годината се врши заштита и на црешите кои се соочуваат со најголемиот штетник на црешата, црешината мува.

– Раните сорти не се прскаат со инсектицид против овој штетник, затоа што тој не ги напаѓа овие сорти. Третирањето против црешова мува се изведува со инсектицид кој што е на база на некоја од активните материи делтаметрин, тиаклоприд, имидаклоприд, ацетамиприд, диметоат, хлорпирифос…, вели Велјановска.

Од АПРЗ информираат дека во градинарството, до 25. мај завршува садењето на растенија за рано производство на домати, пипер и модар патлиџан.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници