Во три центри за сместување бегалци во градовите Векше, Борби и Малила на југот на Шведска денеска избија пожари, поради што се евакуирани над 300 баратели на азил.
Засега нема информации за повредени при инцидентите.
Полицијата истражува дали пожарите се подметнати, но за сега нема приведени лица.
Шведска во 2015 година забележа рекорден број барања за азил, вкупно 163.000.