Гостиварка го пријавила свекорот за семејно насилство

Од:

Дваесет и петгодишната Е.А. од гостиварско Врапчиште вчера попладне го пријавила свекорот дека ја нападнал и ја удрил со пиштол по главата.

Според СВР Тетово, настанот се случил вчера попладне во домот на родителите на Е.А. во Врапчиште, каде престојувала со двете малолетни деца. Нејзиниот свекор А.А. (49) и свекрвата дошле со намера да ги земат децата кои пријавителката ги имала со нивниот починат син.

– Набрзо почнала вербална расправија во која учествувала и мајката на Е.А, која прераснала во мешаница. Во еден момент, свекорот А.А, според нејзиното кажување, извадил пиштол и ја удрил и повредил по главата, изјави портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Набрзо по пријавуавњето, на местото пристигнале полициски службеници на СВР Тетово-Полициска станица Гостивар кои го лишеле од слобода А.А. Нему му е одземен пиштол „ТТ“ со рамка со седум куршуми, кој го поседувал без дозвола.

Од СВР Тетово потенцираат дека по целосното расчистување на сите поединости и во координација со јавен обвинител, пријавениот ќе се соочи со соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Ја тепал со боксови и клоци, се заканувал дека ќе ја запали куќата, Обвинителството бара притвор за гевгеличанец

Кривична пријава за таткото на Меланија за семејно насилство

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

Таткото на Меланија која бараше помош на социјалните мрежи ќе биде сместен во болницата во Демир Хисар

Катерина Ѓуровски