Електричениот отпад во Аеродром ќе се собира и летово

Од:

Акцијата за собирање електронски и електричен отпад во Општина Аеродром ќе продолжи и во текот на летото, информираат од Општината.

Граѓаните што имаат ваков отпад ќе можат да остават контакт-телефон во најблиската урбана заедница, кој потоа бесплатно ќе биде преземен од нивните домови од страна на надлежните лица од „Нула отпад“.

Друштвото за управување со отпад „Нула отпад“ на пет урбани заедници од Општина Аеродром им додели по еден апарат за вода и галони вода.

Донацијата е награда за најдобрите урбани заедници, кои беа дел од активностите спроведени во рамки на проектот еко-акција за собирање електронски и електричен отпад, при што беа собрани над четири тони опасен отпад.

Би можело да ве интересира

46-годишна жена е пронајдена мртва во стан во Аеродром

Горан Наумовски

Казна од 20.000 евра за нелегално фрлање отпад во Општина Аеродром

Наставничка е нападната додека држеше родителска од мајка на ученик

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Сите резиденти на Аеродром ќе може да паркираат на сите зони во општината без надоместок

Хаос во Амстердам: Поради невреме откажани над 800 летови на „Шипхол“

Поради намалена видливост откажани се 20 летови

Предраг Петровиќ