Грција и кинескиот пат на свилата

Од:

Нафтемборики – Атина

Кога Си Џинпинг се искачи на врвот во хиерархијата на Комунистичката партија на Кина на во 2007 година, единственото што повеќето луѓе го знаеја за него беше поврзано со неговата сопруга, познатата пејачка Пен Лијуен.

На крајот на 2012, тој стана претседател на земјата, но загатката остана.

– Ние не знаеме многу нешта за неговите погледи или за начинот на кој тој ќе се одненсува кон Западот, рече пред пет години за „Фајненшел тајмс“, Ченг Ли, експерт за Кина од Бруклинскиот институт.

– Во извесна мера можеби и на самиот Си не му е јасно кој пат ќе го следи, рече тој.

Не мина многу време и во 2013 година Си го откри тој пат. „Еден појас – еден пат“. Проектот за него му беше претставен на светот.

Првото испитување на успехот на таа иницијатива беше Меѓународниот форум во Пекинг што се одржа на 14 и 15 мај со учество на 28 шефови на држави или влади и 80 раководители на меѓународни организации.

Во општи црти, тоа е една „карта“ за развојот на Кина – најголемата инвестициска иницијатива воопшто планирана, за која е потребно учеството на многу држави затоа што за цел си постави да создаде мрежа од трговски врски и инфраструктура која ќе ги поврзува Азија со Европа и Африка.

Кинескиот пат кон глобализацијата го вклучува изградбата на економска зона по текот на стариот пат на свилата и морскиот пат на свилата во 21-от век. Не треба да се заборави дека во тој контекст проектот на кинескиот гигант „Коско“ во однос на пристаништето во Пиреја ја претвори Грција во битен центар на тој план.

Ако сето ова во ушите ви звучи многу кинески, тоа е затоа дека се уште не е јасно како ќе се мери големиот пат на свилата. Се ветува дека тоа ќе биде еден нов поредок кој ќе биде управуван од Пекинг, кој ќе се води од отворениот дух во трговијата. Но, трговијата треба да се движи и развива и во двете насоки, притоа без пречки и без протекционистички инциденти. Уделот на Кина во светскиот увоз во 2012 година беше едвај 12 проценти.

Кинескиот претседател изјави дека трговската и економската иницијатива „Еден појас – еден пат“, кој Пекинг ќе го реализира, е неопходен за отфрлање на протекционизмот.

Пред меѓународните лидери кои учествуваа на форумот во Пекинг во контекст на таа иницијатива, шефот на кинеската држава изјави дека е неопходно забрзана изградба на железници и патни мрежи, како и друга инфраструктура, за да биде намалена финансиската оправданост на инвестициите кои се прават за помагање на таа иницијатива.

Си Џинпинг објави инвестиции во висина од 124 милијарди долари за да бидат финансирани инвестицииските потреби на проектот „Еден појас – еден пат“ за трговското поврзување на Азија со Европа и Африка.

На сребата со кинескиот претседател, грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека Грција се стреми кон понатамошно засилување на соработката со Пекинг, затоа што стратегискиот сон на Кина се совпаѓа со тој на Грција.

– Грција ја надмина кризата, и земјата се врати кон позитивните темпа на раст, сега може да застане на стабилни нозе и многу скоро ќе излезе на пазарите, рече Ципрас.

Од своја страна, шефот на кинеската држава стави акцентот врз особената динамика која е веќе регистрирана во односите меѓу двете земји, опишувајќи ја Грција како стратегиски партнер на Кина.

Според кинеското Министерство за надворешни работи, Си Џипинг додал и дека Кина и Грција ќе треба да ги фокусираат своите напори во насока на претворање на пристаништето Пиреја во важен меѓународен центар за морски превози и тоа да стане клучен дел од „новиот пат на свилата“.

Министерството за дипломатија исто ја истакна и неопходноста од зголемување не само на грчкиот увоз од Кина, туку и на туристичките приливи од земјата.

Во рамките на таа активност, стана јасно дека уште седум земји, меѓу кои е и Грција, ќе се приклучат кон Азиската банка за инфраструктурни инвестиции. Останатите држави се Бахраин, Боливија, Кипар, Романија, Самоа и Чиле, кои наскоро се очекува да станат дел од банката.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина