Џими Кимел повторно ќе ги води Оскарите

Од:

Популарниот комичар и водител на ток шоу, Џими Кимел и официјално е потврден како водител на Оскарите во 2018. година.

Иако станува јасно дека лицата кои што ја направија збрката околу доделувањето на оскарот за најдобар филм, нема веќе да соработуваат со академијата, комичарот Џими Кимел е потврден дека повторно ќе го води Оскарите и следната година.

Претседателката на Академијата за филмска уметност и наука, Шерил Бун Ајзакс го потврди Кимел како водител и Џенифер Тод и Мајкл де Лук како продуценти на 90. издание на Оскарите кое што ќе се одржи на 4. март 2018. година.

– Џими, Мајк и Џенифер се навистина совршен тим за Оскарите. Мајк и Џенифер продуцираа прекрасно шоу кое што визуелно беше извонредно. А Џими докажа – од почетниот монолог, па се до самиот крај кој што никој не можеше да го замисли – дека е еден од најдобрите водители во историјата на Оскарите, изјави Шерин Бун Изакс.

Оскарите во 2017. година ги гледаа околу 32 милиони гледачи, а следните ќе се прикажуваат во 225 земји ширум светот.

– Водењето на Оскарите беше врв на мојата кариера и сум благодарен на Шерил, Дон и Академијата што повторно ме повикаа да работам со нив, ијзави Џими Кимел.

Би можело да ве интересира

Номинациите за Оскар повторно одложени, Академијата објави нов датум

А1он

Пожарите го одложија објавувањето на номинациите за „Оскар“

Славниот актер за Оскарите: Време е да престанеме да се лажеме

А1он

Кумановецот Горан Стојменовиќ еден од добитниците на Оскар

Предраг Петровиќ

Познато е кој ќе биде водител на програмата на 96. доделување на Оскарите

Кремљ го нападна Холивуд за филмот за Навални кој доби Оскар