Во првиот квартал од 2017 година албанската економија покажала раст од 2,96 отсто

Од:

Албанскиот бруто домашен производ во првото тримесечје од 2017 година нараснал за 2,96 проценти, што е најголем раст во последните пет години, изјави министерот за финансии Арбен Ахметај, цитиран од агенцијата АТА.

Министерот за финансии изрази оптимизам во врска со резултатите на албанската економија, подвлекувајќи дека реформата на судскиот систем е клучен инструмент за зголемување на економскиот потенцијал на земјата.

-Во текот на првото тримесечје од 2017 година албанската економија го регистрира својот највисок раст во последните пет години, нараснувајќи за 2,96 проценти, изјави Ахметај, додавајќи дека собирањето на буџетските приходи е подобрено во споредба со истиот период од претходната година.

Ахметај изјави дека позитивните трендови во економијата се резултат на решеноста на владата да им даде поттик за длабоките и широки реформи.

Според министерот, 2017 година е првата година на избори, во која е регистриран буџетски суфицит.

Парламентарните избори во Албанија се закажани за 18 јуни, но опозицијата се заканува дека ќе ги бојкотира и инсистира на привремена влада, бидејќи смета дека актуелната влада може да манипулира со гласањето.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“