Во Струмица почна реализација на проект за лица со интелектуална попреченост

Од:

Во Струмица почна реализацијата на проектот „Учиме да готвиме и стекнуваме здрави животни навики“ спроведен од Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ од Струмица, а финансиран од Програмата за социјална заштита- трансфер до НВО 2017 година.

– Главната цел на проектот е развој на вештини кај лицата со интелектуална попреченост за оформување здрави животни навики, преку стекнување знаења и вештини за подготовка на храна, вештини за организација, договарање, поделба на задачи и координација, истакна Соња Сачевска од Центарот „Порака“.

Обуката во народната кујна во Социјалниот клуб ја врши квалификуван волонтер. Со проектот, што трае шест месеци, ќе бидат опфатени тринаесетина деца.

– Најпрвин, корисниците се учат со препознавање на прехранбените намирници од фотографии. Потоа ќе одиме на терен, во овоштарник и градина за да се запознаат со плодовите. Во последната фаза децата ќе приготвуваат јадење, додава Сачевска.

Вкупниот добиен грант изнесува 126 илјади денари.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски