Димовски: ВМРО-ДПМНЕ нема да ја толерира оваа неодговорност и неразумност

Од:

Владеачката партија по денешните инциденти во Собранието најави дека победила на изборите со конкретна програма и дека е обврзана да ја исполни.

„Тоа се проекти чија реализација е преточена и зависна од носењето на буџетот на РМ. Фактот што СДСМ преку некоструктивни, нефункционални амандмани, ја кочи работата на Собранието, фактот што за еден амандман се пријавуваат по десетина и десетина дискутанти, си реплицираат помеѓу себе пратениците од СДСМ и пркосат преку тензии и креирање конфлитки со мнозинството, јасно е дека СДСМ се спротивставува на мнозинската волја на граѓаните на Р.М. Тие директно одат против интересите на граѓаните“, рече Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Почитувани, ние ВМРО-ДПМНЕ нема да ја толерираме таквата неодговорност и неразумност“, рече тој.
Димовски побара СДСМ веднаш „да се откаже од неразумните тактики, однесувања, барања и постапувања во Собранието на РМ. СДСМ треба да престане да внесува хаос и да го кочи донесувањето на буџетот на Р.М“, изјави Димовски.

Според него, „физичките напади што неколкуте пратеници на СДСМ ги направија врз неколку свои колеги се дно на се што лошо сме виделе во изминатите 20 години. Единствено присебноста на нас пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и намерата да не влеземе во погубното сценарио што СДСМ го има спремано, доведе до тоа да избегнеме поголем и посериозен инцидент, при денешната работа во собранието на Р.М“.

„Во овие 20 години на плурална Република Македонија за прв пат се блокира државниот буџет, а со тоа се доведува во прашање и нормалното функционирање на државата.

– Ова е единствен случај во Европа, политичка партија да држи во заложништво цела држава, цел систем и да го загрозува нормалното функционирање и интересите и приходите на сите нејзини граѓани“, рече Димовски.

Според Димовски „СДСМ покажа дека не е загрижена ниту за пензиите на пензионерите, социјалната помош за социјално загрозените, стипендиите на студентите, бизнис климата и повратот на ддв-то за компаниите, субвенциите на земјоделците, тие се спремни се да стават на коцка, само да ќарат некој политички поен. Тоа е срамно и е врв на неодговорноста што било која политичка партија може да го презентира во Р.М“.

„Целта на СДСМ полека станува јасна, тоа е блокада на секое можно поле. Најдобар начин тоа да го постигнат е преку опструкција и кочење на носењето на буџетот на РМ.

– Денес стана јасно дека не се работи за буџетот, ниту за прилично евтиниот аражман со Светска Банка, туку се работи за чисто сценарио креирано од СДСМ и Бранко Црвенковски, за создавање на целосен хаос во државата.

– Уште еднаш да потсетам дека покрај буџетот се кочат и закони со кои што е предвидено зголемување на пензиите за 5%, зголемувањето на социјалната помош, забраната за дискриминација на жените работнички по однос на трудност, рагање и родителство, се кочат законите со кои што се заштитуваат децата без родители после 18-та година и редица други позитивни закони за сите граѓани во Р.М.

– Ова сценарио треба да ја одврати јавноста од позитивните предлози од страна на владата но и се поприсутните и се повидливите внатрепартиски проблеми во СДСМ. Ова сценарио треба да создаде проблеми и хаос во државата, за да подоцна СДСМ и Бранко Црвенковски се понудат како спасители или како решение на проблемите.

– Сценарио што неколку пати досега во овие 20 години сите заедно сме го гледале. Во нивните очи тоа е единствениот начин тие да се вратат на власт, не со програма, не знаат да пишуваат програма, не со визија, немаат визија, не со проекти, зашто не направиле ниту еден проект, туку со хаос, со проблеми со кризи, само така знаат да се вратат на власт“, рече Димовски.

Би можело да ве интересира

Стојаноска: 250 милиони евра годишно ќе одат за општините, а СДС додека беа на власт камче не фрлија

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, неврохирургот на Заев и 40 потрчковци е само синоним за починати граѓани и криминал

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Поради криминалното работење на СДС и ДУИ во енергетскиот сектор, граѓаните плаќаат скапа електрична енергија

А1он