МПЦ-ОА апелира на одговорно однесување и почитување на правниот поредок

Од:

Македонската православна црква – Охридска архиеписокопија денеска изрази загриженост за состојбите во државата и упати апел до верниците и до сите граѓани за меѓусебно помирување и одговорно однесување, а до одговорните лица и институции апел за почитување на правниот поредок.

– Архиепископскиот управен одбор (АУО) на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, на своето редовно годишно работно заседание одржано на 16 мај 2017 година во просториите на Македонската архиепископија, ја изразува својата сериозна загриженост за состојбите во државата и повторно упатува повик до верниците и до сите граѓани на Република Македонија за смирување и надминување на состојбата преку меѓусебно помирување и одговорно однесување засновано врз взаемна почит и разбирање, се вели во соопштението од МПЦ-ОА.

Архиепископскиот управен одбор (АУО) на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, ги повикува сите одговорни лица и институции да сторат усилби за почитување на правниот поредок во Република Македонија, согласно Уставот и позитивните закони.

Би можело да ве интересира

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите