ВИДЕО: Батерија за електричен автомобил што се полни за само пет минути

Од:

Израелската компанија „Стор Дот“ до сега произведе многу интересни иновации во врска со технологијата на батериите, но најновото достигнување кое го претстави на технолошкиот саем во Берлин може да влезе во историските книги.

Имено, компанијата произведе нова батерија за електрични автомобили што може да се наполни за само пет минути.

Додека многу технолошки експерти денес се обидуваат да ја развијат моќноста на батериите, батеријата на „Стор Дот“ се фокусира на брзината на полнењето пред сите други карактеристики.

На пример, на „Супер Чарџер-от“ за електричен автомобил на „Тесла“ за полнење му требаат 75 минути.

– Брзината на полнењето на батеријата е критична алка која недостига, за електричните возила да бидат сеприсутни, ијзави директорот и основач на „Стор Дот“, Дорон Мајерсдорф.

Компанијата „Стое Дот“ тврди дека нивната батерија е побезбедна од другите кои се користат за електричните возила, бидејќи не може да се запали.

Се очекува овие батерии да бидат да се појават на пазарот во следните три години.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска