Научна конференција на тема: „Улогата на претседателот Киро Глигоров во меѓународното етаблирање на Република Македонија“ денеска ќе се одржи во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).
Конференцијата е по повод 100-годишнината од раѓањето на првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров.
Организатор е Дипломатскиот клуб – Скопје со поддршка на МАНУ.
Најавено е обраќање на академикот и претседател на МАНУ Таки Фити, претседателот на Дипломатскиот клуб Данчо Марковски, академик Луан Старова, професорот Тодор Чепреганов…