Саудискиот крал Салман ја нарече претстојната средба на претседателот на САД Доналд Трамп со државни лидери на муслимански држави „ново партнерство”, што ќе ја зајакне глобалната безбедност.
Доналд Трамп на крајот на неделава ќе замине во посета на Саудиска Арабија и тоа ќе биде негова прва посета во странство. Во таа недела, Трамп ќе учествува на состанок со повеќе од 50 државни лидери од Блискиот Исток, Африка и Азија, кои се поканети од Саудиска Арабија.
Кралот Салман денеска изрази надеж дека самитот на 21 мај ќе значи почеток на ново партнерство во борбата против екстремизмот и тероризмот.
Трамп ќе се сретне одделно со арапските лидери на шесте земји од Советот за соработка во Заливот.