Женската ракометна репрезентација на Црна Гора ја прекина апсолутната доминација на Норвежанките, кои се актуелни олимписки и светски шампиони.
Во финалето во Белград, по дури 80-минутна игра го добивме новиот европски шампион во женски ракомет.
Конечниот резултат е 34:31 (12:11, 24:24, 28:28) за Црна Гора.
Најефикасна кај шампионките беше Милена Кнежевиќ со десет погодоци, Катарина Булатовиќ постигна осум, а Јованка Радичевиќ пет.
На голот одлични беа и двете, Харалдсен имаше 16, а Барјактаровиќ 17 одбрани.
Во екипата на Норвешка најдобра беше Ида Алштад со 11 голови, Локе постигна пет, а Ања Един четири погодоци.
Најдобар стрелец на првенството, исто како и на Олимписките игри е Катарина Булатовиќ.