Штипската патека целосно ќе се осветли

Од:

Штипските јавни претпријатија продолжуваат со уредувањето на пешачката и велосипедска патека, која е изградена покрај кејот на реката Брегалница, најави на денешнта прес-конференција директорот на ЈП „Исар“-Штип, Ангел Бојаџиев.

Тој истакна дека пешачката и велосипедска патека е во должина од 5,5 километри, еден дел е осветлен, а во текот на наредните месеци ќе продолжи поставувањето на уличното осветлување од штипската населба „8 ми Ноември“ до приградската населба Стар Карорман.

– Претходно знаете дека штипјани немаа каде да рекреираат, еве сега благодарение на локалната власт гледате дека патеката е еден од најдобрите проекти кои ги има направено градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев. Голем број граѓани редовно ја посетуваат има некаде над 500 граѓани, па и повеќе кои шетаат на оваа патека, вели Бојаџиев.

Тој забележа дека екипите на ЈП „Исар“ холтикултурно ја уредија патеката, а исто така поставени се и канти за отпадоци и клупи. Постојано се чисти и уредува патеката, а се апелира граѓаните да се грижат за неа во делот на комуналната хигиена и за дрвцата и зеленилото околу неа.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена