Бесплатни обуки за претприемништво за млади до 29 години

Од:

Млади лица до 29-годишна возраст од денеска може да конкурираат на огласот за бесплатни обуки за претприемништво што го објави Агенцијата за вработување.

Обуките ќе траат до 1 декември и со нив е предвидено да бидат опфатени 950 лица.

Како што информира денеска на прес-конференција директорот н Агенцијата Влатко Поповски, станува збор за проект поддржан од ЕУ со 300 илјади евра. По обуките, младите ќе можат да изготват бизнис-план и со него да конкурираат за останатите мерки за вработување што ги нуди државата.

– Обуките ќе се спроведуваат од страна на консултантски компании на ниво на цела Македонија, а ќе траат по пет дена или вкупно 45 часа, но за да стартуваат неопходно е да се пријават најмалку 10 лица, истакна Поповски.

Оваа мерка, објасни директорот, порано беше во рамки на самовработувањето со грант, но сега се спроведува посебно со цел конкретна едукација и поголем поттик за претприемништвото.

Одговорајќи на новинарски прашања, Попоски истакна дека во првиот оглас за грант објавен во март годинава од пријавените 1.250, 440 биле лица до 29 години. Досега, 40 до 45 отсто од грантовите се доделени на млади лица што покажува голема заинтересираност, подвлече директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски.

Би можело да ве интересира

Османи: Сестра ми работи во М-НАВ веќе 15 години, за критериумите прашајте ги таму

Влада: Над 4.800 нови работни места во ТИРЗ за три години, во октомври рекордно 17.769 вработени граѓани

Новиот поткаст: „Што го врти светот?“ со Јована, почнува денеска во 20 часот

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

A1on

Влада: Оперативниот план за вработување вреден 1,8 милијарди денари ќе опфати речиси 15.000 лица

А1он

Во светот 2,4 милијарди вработени жени немаат еднакви економски можности

А1он