Експерт за блатни екосистеми во посета на Македонија

Од:

На покана на Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ од денеска до 19 мај во Македонија ќе престојува Јос Ферхуфен, претседател на Европскиот огранок на Светското друштво на научници за блатни екосистеми.

Тој во Скопје ќе одржи серија предавања на Природно-математичкиот факултет и ќе биде специјален гостин на тркалезната маса во организација на Здружението за заштита на животни и животна средина Е.Д.Е.Н. на тема „Влијанието на планираните инфраструктурни проекти врз биодиверзитетот во охридско-преспанскиот регион“ која ќе се одржи утре, а на која ќе учествуваат научници од цела Македонија.

Потоа Ферхуфен заминува за Охрид каде што ќе го посети Хидробиолошкиот завод и ќе оствари работна средба со членови на Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ.

Причината за неговата посета е опасноста од уништување на Студенчишкото Блато во Охрид – последниот филтер на езерото и дом и прибежиште на многу ретки и ендемски видови.

Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ две години непрекинато се бореше за заштита на Студенчишкото Блато што конечно вроди со плод и на последната стручна расправа во Општина Охрид беше потврдено дека Блатото останува строго заштитена зона. – Сепак, целта не е докрај постигната бидејќи со заклучок на Владата од 2013 година на Општината и е наложено да се заштитат само 4 до 5 хектари земја што е драстично и неприфатливо помалку од 50-70 хектари се предвидени со последната Интегрирана студија за Блатото, велат од граѓанската иницијатива.

Би можело да ве интересира

„Фронт 21/42“: 17 граѓански организации бараат итно спроведување на меѓународното законодавство за законите за Охридско Езеро и Студенчишко Блато

Зегин со свој придонес во големата еко акција „Скопска Црна Гора ја поздравува пролетта”

Ана Ололовска

Нуредини: Го ставивме Студенчишко Блато под привремена заштита

Ана Ололовска

Акција за чисто Маврово и Мавровско езеро

Ана Ололовска

Чоловиќ Лешоска за прогласувањето на третото Рамсарско подрчаје: Да се стави крај на загадувањето и непланската урбанизација

Национална еко акција „Генералка викенд“ за позелена татковина

Ана Ололовска