Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид со беспилотно летало со термална камера пронајде исчезнато лице

Од:

Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид синоќа со специјализирано беспилотно летало со термална камера успеа да пронајде исчезнато лице, кое од непознати причини се упатило кон Студенчишкото Блато. Како што информираат од охридскиот Црвен крст, за првпат е употребено беспилотно летало во акција за пребарување на исчезнато лице.

– Вчера, во 21:40 часот, Оперативниот центар на Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид прими повик за потрага по повозрасен сограѓанин кој, од засега непознати причини, се упатил кон Студенчишкото Блато. Поради исклучително тешките услови на теренот – густа вегетација, кал и ноќни услови – во акцијата за првпат беше употребено специјализираното беспилотно летало DJI Mavic 3T, опремено со термална камера – се посочува во информацијата објавена на нивниот Фејсбук.

Оваа современа опрема, која неодамна ја набави Црвен крст Охрид, е наменета за операции за пребарување и спасување на изгубени и исчезнати лица на тешко пристапни терени, како и за откривање активни жаришта при шумски пожари на непристапни планински подрачја, кои тешко можат да се забележат со голо око.

Дронот е набавен со финансиска поддршка од Prespa Ohrid Nature Trust (PONT), во рамките на проект што Црвен крст Охрид го спроведува во партнерство со Урсус Спелеос – Скопје и Национален парк Галичица, а кој е насочен кон намалување на последиците од климатските промени и јакнење на капацитетите за одговор при природни непогоди.

Акцијата беше успешно завршена во 23:15 часот со пронаоѓање на лицето, кое, за среќа, беше неповредено.

Во акцијата, покрај спасителите од Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид, учествувале и припадници на ТППЕ Охрид, како и членови на семејството на исчезнатото лице.

Би можело да ве интересира

„Фронт 21/42“: 17 граѓански организации бараат итно спроведување на меѓународното законодавство за законите за Охридско Езеро и Студенчишко Блато

Нуредини: Го ставивме Студенчишко Блато под привремена заштита

Ана Ололовска

Чоловиќ Лешоска за прогласувањето на третото Рамсарско подрчаје: Да се стави крај на загадувањето и непланската урбанизација

Изготвена студијата за прогласување на Студенчишко блато за парк на природата

Жарко Настоски

Студијата за валоризација на Студенчишкото блато, прв чекор кон негово прогласување за заштитено подрачје

А1он

Студенчишко блато наскоро ќе ја добие заштитата како интегрален дел од Охридското Езеро

Ана Ололовска