Сто и петнаесет луѓе починале од колера во Јемен во изминатите две недели, изјави претставник на МКЦК. Вкупно 8.500 случаи на болеста се регистрирани во 14 провинции во таа држава.
– Сега сме соочени со тешка епидемија на колера, изјави претставникот на МКЦК.
Според податоци на ОН, 8.000 луѓе се убиени и над 44.500 се ранети во конфликтот во државата од март 2015 година. Околу 19 милиони односно 60 отсто од населението во Јемен имаат проблеми да обезбедат храна.