Во организација на дебарското здружение за уметност, култура и заштита на културното наследство „Арт-Култ 57“ за првпат во Дебар ќе биде одржан Фетивал на куклени театри „Дебарска кукла“.
На трите фестивалски вечери ќе се претстават пет куклени театри од Македонија, Албанија, Турција и од Косово.
Свеченото отворање ќе биде на 16. мај, а честа да ја отвори оваа културна манифестација ќе му припадне на куклениот театар од албанскиот град Подградец, со претставата „Полицајката Кети“ во режија на Сотираќ Гуши.
– Во следните два дена пред дебарската публиката ќе се претстават Националната установа Тетар за деца и млади од Скопје со претставата „Лакомата Меца“ во режија на Дарин Петков, тетарот од Берат, Албанија, од Истанбул, Турција и од Приштина, Косово, соопшти на средба со новнарите, претседателот на здружението „Арт-Култ 57“ Арбен Јајага.
Сите претстави ќе бидат прикажани во концертната сала на Центарот за култура.
Неговото одржување финансиски е поддржано од македонското Министерство за култура, а поддршка доби и од локалните власти на Дебар и Центар Жупа.
Дебар годинава по шеснаесети пат ќе биде домаќин на фестивалот „Албански театар во Македонија“.