МВР со кривични пријави против четири лица за сторени кражби во Скопје

Од:

СВР скопје поднело кривични пријави против четири лица за кражби на територијата на град Скопје, од кои во првиот случај двајца крадци се украле пари и предмети во вредност од околу 190.000 денари.

„СВР Скопје во два одвоени случаи до надлежното ОЈО поднесе кривични пријави против четири лица сите од Скопје. Во првиот случај кривично пријавени се лицата Д.Д. (30) и М.А.(20) поради основи на сомнение дека на 22-ри минатиот месец извршиле две кривични дела – “тешка кражба“ со што се стекнале со противправна имотна корист од околу 190.000 денари. А пак во вториот случај против лицата С.С. (50) и Б.Р. (47), поради основи на сомнение за извршено кривично дело – “кражба“.

Според документираните сознанија во првиот случај пријавените Д.Д. и М.А. двете тешки кражби ги извршиле на 22.04. во периодот од 18 до 18,40 часот на ул. „Самоилова“, поточно на паркинг просторот во близина на Музејот за современа уметност.

Притоа во двата наврати М.А. на моторцикл чувал стража, а Д.Д. со физичка сила и погоден алат ги отварил вратите, прво на патничко моторно возило, а потоа на автобус, кои биле паркирани на горенаведениот паркинг простор, по што со пребарување низ возилата одзеле предмети и пари во вкупна вредност од околу 190.000 денари.

Имено од патничкото возило одзеле женска чанта во која имало 100 евра, мобилен телефон „Ајфон 5“, две златни бурми, банкарски картички и лични документи, со што се стекнале со противправна имотна корист од околу 90.000 денари. Веднаш потоа во автобус со турски национални ознаки одзеле поголема количина на брендирани облека, очила и обувки, дигитален фото апарат, три парчиња златен накит и повеќе полначи за мобилни телефони, со што се стекнале противправна имотна корист од околу 100.000 денари.

Во вториот случај пријавените С.С. и Б.Р. кои инаку и претходно повеќе пати се кривично пријавувани за извршени кражби на подрачјето на Скопје, кривичното дело – “чражба“ го извршиле на 08-ми овој месец околу 11,00 часот во ТЦ „Веро Џамбо“ лоциран на бул. „Св Кирил и Методиј“ на тој начин што откако Б.Р. намерно се втурнал во оштетената со цел да и го одвлече вниманието, С.С. ја протнал раката во ташната која истата ја носела на рамо и украл паричник во кој имало пари, лични документи и банкова картица (сите на име на оштетената) со што се стекнале со противправна имотна корист од околу 5.000 денари“ се вели во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Уапсен триесетгодишник од Стојаково, полицијата му нашла марихуана во домот

А1он

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски

(ВИДЕО) 12 граѓани ги фотографирале гласачките ливчиња, шест пријави за нудење на поткуп – Министерот Тошковски за изборниот ден

Анита Петровска Рајковиќ

МВР: Нови случаи на фотографирање и кинење на гласачко ливче

Горан Наумовски