Слон во еден чешки циркус тешко повреди жена, која била задолжена за неговото хранење, соопшти полицијата.
Слонот со сурлата ја подигнал жената и ја фрлил на земја, наведува полицијата.
Жената е оперирана по инцидентот, кој се случил во градот Злин во југоисточна Чешка.
Полицијата наведува дека го испитува директорот на циркусот поради евентуална негрижа, но и улогата, која ја имала жената во инцидентот и нејзиното однесување.