Груевски: Што побрзо локални избори, а со нив и предвремени парламентарни

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски повика локалните избори да се одржат во најбрз можен рок, а останува и на ставот со нив да се организираат и предвремени парламентарни избори. Најран датум според роковите за ВМРО-ДПМНЕ би бил 2. јули за прв круг, односно 16. јули за втор круг на локалните избори. Предлагаат уште два термина во септември, 17. и 24. септември, а последен датум за локални избори прифатлив за ВМРО-ДПМНЕ е 15. октомври.

– Нашиот став е ден порано да се организираат локалните избори. Најблизок можен рок е 45 дена од носење закон со кој ќе се одреди тоа. Од понеделник 45 дена е 2. јули. Затоа апелот на ВМРО-ДПМНЕ е да се одржат локалните избори на 2. јули првиот круг и 14 дена подоцна, односно на 16. јули вториот круг. Од другата страна гледаме дека нема расположение за брзи локални избори, инаку ако имаат би го прифатиле рокот за 2. јули. Изгледа се плашат дека ќе ги загубат и бараат колку што е можно подолг период да се пролонгират. Од тие причини ние за отворени оставивме уште два термина во септември, 17. и 24. септември, и последен, како најдалечен што би можеле да го прифатиме е 15. октомври. Се понатаму ќе биде грубо кршење на демократските процеси, во смисла на редовно одржување на редовни локални избори, изјави Груевски по увидот на просториите на Градскиот стадион кои се адаптирани за одржувањето на Супер купот.

Додаде дека со организирањето на локалните избори треба да заврши изборната атмосфера, да спласне тензијата кај граѓаните, компаниите да може понатаму во, како што рече, порелаксирана атмосфера да работат во Македонија и фокусот да биде на развој на државата, а не на избори и кампањи.

– Но, очигледно СДСМ избегнува и се плаши, и бара што е можно подоцна, дури спомнуваат и следната пролет. Со тоа покажуваат дека се преплашени од соочувањето со граѓаните, а се преплашени затоа што направија многу грешки, многу работи кои се спротивни на интересите на народот. Сега се плашат да излезат затоа што народот едвај ги чека за да им покаже што мисли за нив и за третманот што им го дадоа на граѓаните, особено после изборите кога излегоа со тиранската платформа и направија изборна измама. Затоа колку што е можно подолго бараат пролонгирање, рече Груевски.

Нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ останува на барањето да се одржат и предвремени парламентарни избори. Тоа, рече, е добра шанса кога и онака ќе се организираат локални избори.

– Предвремените парламентарни избори ќе расчистат многу дилеми, многу нешта за кои СДСМ вели дека не згрешил, дека не го измамил народот и дека не постапил спротивно од она што го ветувал. Тоа ќе може да го верификуваат на изборите и на народот да му се даде можност да излезе и да каже што мисли за СДСМ, што мисли за ВМРО-ДПМНЕ, за тиранската платформа и за ваквиот начин на силување на државата и на игнорирање на граѓаните кои 75 дена протестираат на улиците против она што го прави СДСМ. Затоа апел колку што е можно побрзо локални избори и апел за предвремени парламентарни избори на денот на локалните, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески