Жителите на Ѓорче Петров од улиците „Рафаел Батино“, „Кичевска“, „15 Ноември“ и „Веле Марков“ од 9 до 12 часот ќе останат без струја.
Во периодот од 10 до 11 часот струја ќе намаат и корисниците од улицата „Пресека“ бр.45 во општина Карпош.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведување технички зафати во дистрибутивната електроенергетска мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија.