Германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле изјави дека должничкиот проблем на Грција бил дискутиран на самитот на Г-7 во италијанскиот град Бари, и дека за него се очекува да има решение.
На средбата учествуваат владини претставници, министрите од финансискиот ресор во Италија и Франција и раководители на меѓународни организации на седумте светски најразвиени земји, пишува „Катимерини”.
Свое учество имаат и Европската централна банка (ЕЦБ), Европскиот стабилизациски механизам, Еврогрупата и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), како и еврокомесарот по економски и финансиски прашања, Пјер Московиси.