Уапсени се најмалку 65 венецуелски војници

Од:

Најмалку 65 венецуелски војници се уапсени, наведе адвокатот Алонсо Медина, посочувајќи дека меѓу задржаните има и офицери и капетани од голема погранична единица.

Медина, од адвокатското здружение „Форо пенал“ истакна дека некои офицери се обвинети за предавство на тетковината и поттикнување на немири, а други уште чекаат да се појават на сослушување во судот.

Опозицискиот лидер Енрике Каприлес тврди дека меѓу војниците во Венецуела има „целосна поделба“ и „длабоко незадоволство“ од Владата.

Апсењата се извршени во моменти на повеќемесечните политички кризи и масновни улични протести со барање за предвремени избори, кои венецуелската полиција ги растерува со солзавец и гумени куршуми.

Од почетокот на април во Венецуела се одржуваат протести против претседателот Мадуро, при што досега се убиени 38 лица.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро вчера назначи нов министер за здравство, по веста што беше објавена во средата за загрижувачките податоци за смртноста кај децата во земја. Новиот министер Луис Лопес Чехеда ја замени Антонела Капоралес.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски