Ликовна изложба „Мигови“ на Сарита Конеска во Јавна соба

Од:

Во петок, 12.мај, со почеток во 20:00ч свечено ќе биде отворена изложбата на младата авторка Сарита Конеска, „Мигови” до дизајн центарот „Јавна соба“. Влезот за сите љубители на ликовната уметност е слободен.

Рецензентот Иван Стојановски, одличен познавач на творештвото на Конеска, ја опишува изложбата “Мигови” како колекција на мигови од нејзиниот живот и искуствата, пренесени на хартија преку призмата на сликарството и различни техники на изразување како употреба на молив, акварел, црн и кафен пресован јаглен, пастел техника и слично. Секој миг – своја приказна, секоја скица своја сказна.

Скицата како “медиум”, техника претставува и цртачко сликарски бележник . Интермедијалната врска помеѓу фотографијата и сликарството е повеќе од очигледна во овие дела, како еден вид на практицирање на “старомодниот начин” на ловење на моменти од атмосферите, светлосните природни појави и ефекти, пејсажи, различни типови на природа и нивно развивање во повеќе стилови без разлика дали се работи за портрети, локации, апстракции или акт-нуди интересен спектар на иновација во ликовните изрази на Сарита Конеска”.

Би можело да ве интересира

Изложба „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска во Битола

„Уживање“ – изложба на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во Галерија МКЦ

А1он

Во галеријата КО-РА отворени изложбите на Петра Јовановска и на Рафаел Ристовски

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи