Хрватскиот стоков извоз во првите два месеца во 2017 година порасна за 22,7 отсто, на 2,08 милијарди евра, со раст на увозот од 12,6 отсто, на речиси 3,15 милијарди евра.
Надворешнотрговскиот дефицит во тој период изнесувал 1,06 милијарди евра и за речиси 3,0 отсто е помал од тој во минатата година во исто време, според податоците на Државниот завод за статистика ДЗС, извести агенцијата Хина.