(ВИДЕО) Давчевски: Има докази за опасен отпад на Дрисла, Обвинителството веднаш да отвори истрага

Од:

„СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје веќе долг период бараат информации и ја алармираат јавноста за состојбата со депонијата Дрисла и работењето на концесионерот ФЦЛ од Итлија.

Побаравме информација за степенот на инвестирање но и начинот на експлоатирање на овој комунален објект со кој стопанисува странски партнер преку приватно јавно партнерство, кое е без завршена постапка

Побаравме и дадовме можност, да се дополни информацијата со вистинити докази дали на депонијата има или нема складирање или третирање со спалување, на опасен индустриски отпад од увоз.

Во рамките на информацијата се потврди дека концесионерот и по 4 години нема инвестирано ниту едно евро во Дрисла, но сепак инкасира профит од работењето

Затоа, денеска ќе презентираме докази околу сомневањата дека Дрисла се користи за недозволени незаконски дејствија со опасен отпад.

Поради овие сознанија, бараме веднаш да се преиспита одлуката за приватно јавно партнерство со ФЦЛ поради неисполнување на договорот од 2013 год.

Го повикуваме Основното јавно обвинителство да отвори истрага врз основа на допрен глас и да утврди дали Дрисла се користи за незаконити цели.

Истовремено, најавуваме дека по доаѓањето на новата Влада, ова прашање ќе биде меѓу приоритетните случаи за расчистување, бидејќи здравјето на граѓаните е најважно“, изјави Драги Давчевски, координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата во Град Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

(ВИДЕО) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Горан Наумовски