Обложувалници: 60% дека Трамп ќе биде отповикан

Од:

Обложувалниците излегоа со нови коефициенти околу можноста американскиот претседател Доналд Трамп да биде отповикан. Сега процентот изнесува 60 отсто, откако директорот на Федералното истражно биро (ФБИ), Џејмс Коми доби отказ, пренесе Танјуг.

Веста за отпуштањето, некои веќе ја споредуваат со аферата „Вотергејт“, кога тогашниот претседател на САД, Ричард Никсон го отпушти независниот истражител Арчибалд Кокс. Сепак, аналитичарите сметаат дека ова зголемување на шансите во обложувалниците е нереално.

Фактот дека републиканците на Трамп го контролираат Конгресот, укажува дека веројатноста за отповикување на Трамп, е мала.

Конгресмените од Демократската партија пак, се уште повикуваат на независна истрага за врските на Трамп со Москва.

Би можело да ве интересира

Тимот на Трамп сoставува црната листа

Вoлц: Трамп планира да ги доведе Русија и Украина на преговарачка маса и да стави крај на војната

На Волстрит спласна еуфоријата од успехот на Трамп

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Републиканците го освоија Конгресот, за политиките на Трамп нема никакви пречки

САД потврди дека севернокорејските војници сега активно се борат заедно со руските сили против Украина

Фукујама: Ова е крајот на либералната демократија