Напаѓачите на Села ќе одговараат за обид за убиство

Од:

Основното јавно обвинителство – Скопје ја известува јавноста дека до овој момент, идентификувани се две лица инволвирани во нападот на пратеникот З.С. за време на настаните во Собранието на Република Македонија на 27.04.2017г.

Од досега прибавените докази, Основното јавно обвинителство – Скопје оцени дека постои основано сомнение дека овие две лица, заедно со други лица, кои во овој момент се неидентификувани, го извршиле кривичното дело Убиство од чл.123 ст.1 во врска со чл. 22 и во врска со чл.19 од Кривичниот законик.

Надлежниот јавен обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против двете лица за наведеното кривично дело. Истовремено, по оценка на Јавното обвинителство, против осомничените неопходно е да биде изречена мерка за нивно обезбедување, поради што јавниот обвинител до судија на претходна постапка поднесе Предлог за одредување на мерка притвор, бидејќи постојат сите законски основи за тоа.

Воедно, заради целосно расчистување на овој кривично-правен настан од страна на јавното обвинителство издадени се наредби за итно постапување на Министерството за внатрешни работи заради обезбедување на релевантна документација и податоци​.

Би можело да ве интересира

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Петмина скопјани се под истрага на Обвинителство – ја поддржуваат идеологијата на ИСИС

А1он

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

ОЈО бара притвор за Богоев, осомничен е дека примил мито од над 111.000 денари

А1он

ИЈЗ: Очекуваме Обвинителството да ги разгледа забелешките од ревизијата

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра