Во одбојкарското првенство на Македонија вечерва ќе се одигра вториот натпревар од финалето во женска конкуренција.
Во дуелот за шампионскиот трофеј одбојкарките на Јанта Волеј и гостуваат на кумановската екипа СВКС против која имаат водство од 1-0 во победи во серијата подобар до три триумфи.
Потсетување дека првата средба Јанта Волеј ја доби со максимални 3-0 во сетови. Инаку, овие две екипи играа и во финалето на Купот на Македонија, во кое екипата на СВКС забележа победа со 3-1 и го освои пехарот.
Вечерашниот втор финален меч меѓу СВКС и Јанта Волеј ќе се игра во салата на средното економско училиште „Перо Наков“ во Куманово, со почеток од 19 часот.