Србија ќе се обрати до ОН поради изјавата на Вилијам Вокер

Од:

Србија ќе се обрати до ОН поради изјавата на поранешниот шеф на мисијата на ОБСЕ во Косово Вилијам Вокер, дека работи на проектот за создавање на „Голема Албанија“, потврди денеска српската министерка за европска интеграција Јадранка Јоксимовиќ, додавајќи дека сега Белград има добри аргументи и за во Европската унија.

– За оваа изјава на Вокер, знаете бројни дипломати и високи претставници од ЕУ и другите земји ни зборуваа „пуштете ја таа приказна за Голема Албанија, таа е за внатрешни политички потреби на тие земји и слично.“ Меѓутоа, еве сега се докажа дека тоа не е проект со кој само се „флертува“ поради избори, туку тоа е нешто што очигледно постои, нагласи Јоксимовиќ за „РТС“.

Имено, очигледно тој проект доаѓа од некој кој е многу обучен и многу запознаен со проектот и работи на тоа.

– Сега имаме добра аргументација, да ја покажеме и пред ЕУ. Проектот за Голема Албанија не е проблем само на Србија, туку ги вклучува териториите на неколку земји од Балканот и мислам дека сите треба да не загрижува, истакна Јоксимовиќ.

Коментирајќи ги најавите дека Марти Ахтисари и Медлин Олбрајт би можеле да бидат дел од тимот на Приштина во преговорите со Белград во Борисел, Јоксимовиќ потенцираше дека лобирање постои и оти е легитимно.

– Меѓутоа, кога ќе го видите изборот на оние кои се во тимот на Приштина… тоа е нивно право. Како што точно наведе премиерот Александар Вучиќ – тоа се луѓе кои во одредени делови на светот имаат голем углед, а кај нас немаат позитивна конотација, но она што е индикативно е тоа што тие луѓе за време на нивните мандати беа директно врзани за случувањата што произведоа бројни промени кои беа на штета на Србија. Можеме да видиме дека тоа е многу индикативен избор, посочи српската министерка за европска интеграција.

Таа додаде дека граѓаните на Србија не треба да бидат загрижени, бидејќи земјата работи на нејзините дипломатски позиции и при тоа има напредок.

– Знаеме да се носиме, не чекаме да не претекнат околностите. Ние знаеме што е вистинска дипломатија и многу сме успешни во тоа, заклучи Јаксимовиќ.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он