Претседателот на САД Доналд Трамп денеска во Белата куќа ќе се состане со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, со цел да ја разгледаат ситуацијата во Сирија, како и многу други меѓународни прашања, потврди Белата куќа.
Ова ќе биде средба на највисоко ниво меѓу Трамп и претставник на Владата на рускиот претседател Владимир Путин од стапувањето на власт на американскиот претседател.
На дневен ред ќе бидат прашањата за ситуацијата во Сирија, руско-американските односи и други глобални теми.
Лавров во Вашингтон ќе оствари средба и со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон.