Ромите од Карпош го одбележаа Ѓурѓовден

Од:

Денеска, кај амфитеатарот на кејот на реката Вардар, жителите од ромска националност го прославија денот на светиот великомаченик Ѓорѓија – Ѓурѓовден, меѓу нив познат како „Едерлези“. Со поддршка на Општина Карпош, во организација на Одделението за детска, здравствена и социјална заштита, празникот кога се слави животот и будењето на пролетта, го одбележаа околу 760 Роми, кои живеат во оваа локална самоуправа.

Како и досега, Ромите од Карпош го испратија Ѓурѓовден со свечена трпеза и пригодна музичка програма, во чии рамки учествуваа и основците од ООУ „Аврам Писевски“ и музичка група од Шуто Оризари.

Би можело да ве интересира

Карпош доби нова административна зграда

Вечерва стартува „Карпошово културно лето“

Опожарени се шест куќи во скопски Карпош, седум лица завршија во болница

32-годишен скопјанец пронајден мртов во семејниот дом

82-годишна жена е пронајдена почината во стан во скопски Карпош

Јакимовски: Само една зграда во Општина Карпош е онака како што бара законот