Во Старата скопска чаршија почна со работа отворената уметничка работилница на Анжелика Колева – Анжелика Арт.
Работилницата опфаќа изложба на нејзините уметнички дела (слики и грамофонски плочи), а посетителите можат да ги видат и изработките од стакло, порцелан и керамика. Истовремено, посетителите ќе можат да учествуваат во работилницата и самите да изработат сопствено мало уметничко дело.
„Веќе ми најавија посети на деца од едно основно училиште, но интересно е тоа што и туристите кои доаѓаат во чаршијата покажуваат желба да учествуваат во работилницата и да нацртаат/насликаат нешто“, вели Колева.
Работилницата/изложба ќе биде отворена до крајот на летото.